Романскиот претседател Трајан Басеску повика за итно прифаќање закон за евтаназија на илјадници болни улични кучиња.
Басеску тоа го побара во телевизиско обраќање, ден откако 4-годишно дете беше искасано од улични кучиња во парк во Букурешт.
– Луѓето се над кучињата, нагласи претседателот.
Според весниците кучињата кои го убиле детето, се на невладина организација од Букурешт – Фондација Калеидоскоп.
На улиците во главниот град има околу 64.000 бездомни кучиња, а во Романија функционираат околу 100 невладини органзации за заштита на животни. Нацрт-законот кој дозволува стерилизирање бездомни кучиња е блокиран неколку месеци во правната комисија на парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.