Комисијата за верификација на факти на денешната седница лустрирала екс началник на охридската тајна служба и некогашен советник во општина Битола.
Според телевизијата, разузнавачот од Охрид бил наредбодавец кој издал наредби за отворање на десетина досиеја на следени граѓани за време на комунистичкиот систем. Поранешниот битолскиот советник, пак, ги следел своите колеги и соработници од здружение на граѓани – бегалци од егејска Македонија. Тој прво бил мета на службите кои го следеле, но, потоа почнал да соработува со нив.
Сеуште не се завршени управните судски постапки за досега лустрираните соработници, а нема одлука ниту на Управниот суд за законот за лустрација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.