| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Муслимански фанатици уништуваат црква во Египет

Повторно коптските цркви во Египет цел на муслиманските вандали.

Последниот напад се случил во јужниот египетски град Сохаг кога стотина муслимани насилно влегле во црквата, некои и качувајќи се преку ѕидовите, по што ги запалиле возилата паркирани во дворот и ги уништиле црковните предмети.

На видеото се гледа и како неколкумина од про Морсиевите вандали малтретираат еден од свештениците и му го кинат крстот. Во последните неколку месеци десетина православни христијански храмови беа цел на напади на Муслиманските браќа, меѓу кои има и запалени. Преодната египетска влада најавува дека ќе преземе мерки за реконструкција на уништените коптски храмови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top