| четврток, 6 декември 2018 |

Муслимани во свој ресторан нудат бесплатен божиќен оброк

Доколку некој го бара вистинското значење на Божиќ, веројатно ќе го најде во лондонски ресторан чии сопственици се муслимани.

Ресторанот „Шиш“, чија специјалност е турската кујна, за Божиќ нуди бесплатен оброк за старите и бездомниците, бидејќи, како што пишува на плакатот на нивниот ресторан, никој не треба да јаде сам на Божиќ.

– Ние само им помагаме на луѓето. Има многумина кои Божиќ го минуваат дома сами… а не мора да биде така. Може да дојдат овде и да се забавуваат, изјави вработен во овој ресторан.

Оброкот вклучува супа и цацик (традиционално турско јадење со јогурт и краставица) за предјадење, пилешко или вегетаријанско грне за главно јадење и пудинг со ориз за десерт.

Судејќи според фотографиите на овој ресторан сите оние кои ќе дојдат на Божиќ ги очекува вистинска гозба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top