Дмитри Турсунов ги заврши настапите на ОП на САД со пораз од Ришар Гаске откако откажа поради здравствени проблеми при негатива од 1-2 во сетови, но стигна да се пошегува на сметка на Рафаел Надал. На прашање како е можно тенисер што паузирал 7 месеци да се врати и веднаш да игра на врвно ниво како што тоа го прави шапнскиот ас, Турсунов одговори на шега.
– Можеби има импланти во задникот. Сепак, не би сакал да коментирам дали тука нешто не е во ред. Тоа е топ тема за нас тенисерите, но се говори само во соблекувална – со насмевка одговори Турсунов. Потоа продолжи посериозно истакнувајќи дека формулата за успех на Надал е во напорната работа.
– Сите се сомневаат дека користи некакви брзи решенија за рехабилитација од тешките мечеви, а никој не сака да прифати дека Надал е исклучително вреден тенисер. Па, тој работи по 7 часа на тренинзите наместо како мене да си одмора и лежи на некоја плажа. Јас не сакам да си создавам пекол со екстремно напорни тренинзи. Но, Рафа е поинаков калибар и трудот му се исплати. Па, тој го освојува Ролан Гарос и веднаш потоа следниот ден тренира два часа во Квинс клубот за да биде подготвен за настап. Тоа мора да се цени. Сите останати веројатно би заминале на журка или на плажа – објаснува Турсунов.
Надал се пласираше во четврт-финалето на Отвореното првенство на САД и ќе игра против Томи Робредо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


