| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер: Ќе се вратам уште посилен

Роже Федерер е во залезот на тениската кариера, а поразите зачестија, и тоа од противници што порано тешко освојуваа и сет против тенсикиот маг, а на победа не ни помислуваа. Таков е случајот со Томи Робредо, тенисер што имаше 10 порази без победа против Швајцарецот, а го победи ноќеска во Њујорк на последниот гранслем-турнир во сезоната.

– Го победив Федерер, и тоа е како да се случило чудо. Роже е најдобриот тенисер на сите времиња и успех против него е голема работа – изјави Робредо.

Шпанецот постојано се мачеше со Федерер и немаше рецепт за победа, но си го дочека моментот и за првпат во кариерата ќе игра во четврт-финалето на ОП на САД.

Роже не стигна до мегадуелот со Рафаел Надал, но, сепак, не се откажува. Тениските познавачи се сомневаат дека тој ќе успее да се врати на победничките патеки, осоебно на големите турнири од гранслем-серијата.

– Имам впечаток дека сам се победив. Секако, не сакам да го потценам успехот на Робредо бидејќи е апсолутно заслужен. Сега ми останува да тренирам уште понапорно за да се вратам многу посилен на тениските терени. Саакам да играм многу подобро и знам дека го можам тоа – изјави Федерер, по елиминацијата на ОП на САД. Тој е рекордер со 17 гранслем-титули, а предвидувањата е дека 32-годишниот ас од Базел нема сили за уште еден значаен трофеј во Мелбурн, Париз, Лондон или Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top