| четврток, 6 декември 2018 |

Ученик од Студеничани искасапен со 20 убоди со нож

napad so noz kaj caircanka

Тешкоповреденото момче со 20 убоди со нож е пренесено во Ургентен центар и е во стабилна здравствена состојба.

Тешкоповредениот ученик во осмо одделенец крвавејќи успеал да стигне до осаменото крувче во близина на селското училиште во Студеничани. Тука видел луѓе од околните куќи и ги повикал на помош. Момчето било избодено со нож по целото тело и по рацете. Крвавите дамки уште стојат на местото каде што 14-годишната жртва паднала пред да биде префрлена со итна помош. Соседите што го нашле и му помогнале забележале дека ранетото дете има две големи повреди на градниот кош, кои им личеле на рани од куршум. На вратот одзади и по грбот имал многу рани, што наведува на заклучок дека тој што го бодел го бркал и одел по него. Со тешки повреди на дијафрагмата и во сериозна состојба, момчето е оперирано во градската болница Свети Наум Охридски. Таму му избројале дваесетина убоди, но немало повреди од куршуми.

Таткото на избоденото момче беше пред болницата, но и тој и неговите роднини беа во шок. Полицијата во меѓувреме соопшти дека има осомничен за нападот. Дека врсник на жртвата, 14-годишно момче од Студеничани бил напаѓачот со нож. Пред неговата куќа во Студеничани во моментите кога „Канал 5“ бил во селото имало полициски „алфи“. Полицијата зела изјава и од повреденото момче. Мотивот засега е непознат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top