| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава селска тепачка во Кочанско

sekira krv

Двајца жители од кочанското село Грдовци вчера се тепале со вили и со секири по расправија околу меѓа на нивните ниви.

Според полицијата, станува збор за лицата Б.Ј.(67) и В.Ј.(49), кои околу 19 часот кај местото наречено Бел Камен почнале расправија околу меѓата што ги одвојувала нивните ниви. Расправијата за кратко време прераснала во крвава тепачка во која Б.Ј. со секира го удрил В.Ј. во пределот на главата, а тој возвратил со напад со метална вила. И двајцата завршиле со телесни повреди и биле однесени во болницата во Кочани каде што В.Ј. бил задржан на лекување.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top