| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава тепачка во Мала Речица

полиција

Вчеравечер околу 21,30 часот во с.Мала Речица З.Ј.(40) и А.Л.(24) започнале вербална расправија, а потоа со употреба на остар предмет меѓусебно си нанеле повреди.

З.Ј. се здобил со повреди во пределот на грбот, додека А.Л. со повреди во пределот на нозете. Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово за укажување на лекарска помош.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top