| четврток, 6 декември 2018 |

Во моментов има невреме во Кочанско, се движи кон Скопје (ФOTO)

Во моментов појако невреме има во Кочанско и Кривопаланечко и се очекува да потрае, потоа западно од Скопје со правец на движење кон Скопската котлина и во Гостиварско, соопшти УХМР.

Претходно, УХМР соопшти дека во поголем дел од Македонија, особено во планинските подрачја попладнево има нестабилна облачност, наместа проследена со пороен дожд и грмежи, а во Скопската котлина дува засилен северен ветер, на моменти со брзина и до 75 км/час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

14053941101536233033773301916991396463707669oe213123123

Попладнево ќе се задржи нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси ќе има во вечерните и ноќните часови кога се очекуваат пообилни врнежи (и над 30 л/м2), а наместа ќе има и појава на невреме со електрични празнења, силен ветер и град.

И во Скопската котлина особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.

Во случај на појава на електрични празнења, УХМР препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, а стадата животни да се групираат во помали групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top