Високи грчки дипломатски извори велат дека е многу веројатно дека медијаторот за една седмица ќе има нови средби со македонскиот и со грчкиот државен врв, тврди Канал 5.
Нимиц доаѓа во регионот, најверојатно во понеделник на 9-ти септември ќе ја посети Атина. Високи грчки дипломатски извори за Канал 5 не ја потврдуваат целосно оваа информација но, велат дека е многу веројатно дека медијаторот за една седмица ќе има нови средби со македонскиот и со грчкиот државен врв.
Веста за посетата на медијаторот објаснува зошто вчера Самарас и Венизелос на средбата во премиерската палата, меѓу другото разговарале и за Македонија. И тоа во период кога прашањето за името се држи ниско на агендата на грчката влада, особено по развојот на настаните во Сирија, но и пред посетата на тројката.
За надворешната политика, конкретно за Сирија, Египет и Македонија – разговарале, вчера Самарас и Венизелос на средбата во премиерската палата, според информациите од ПАСОК на грчката новинска агенција. На почетокот, присутен бил и заменикот МНР, Куркулас кој ги известил за прашањата поврзани со грчкото претседателство со европската унија, без да се откриваат дополнителни детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.