Според коментарите на светските медиуми, причина за одложување на американската воена интервенција во Сирија не е тоа што претседателот на САД, Барак Обама, го чека мислењето на Конгресот, туку тоа што минатиот месец сириската војска го собори американскиот борбен авион „Ф-22 раптор“, како и четирите ракети „томахавк“.
Оваа тајна ја потврди воен стручњак во интервју за телевизискиот канал„ Ал Манар“.
„Ф-22 раптор“ е еден од најнапредните ловци во светот. Неговата моќ да лета многу високо и да развива голема брзина е тоа поради што е дури невозможно да биде соборен.
На теренот е сосема невидлив и има оружје со кое може да го собори непријателот на оддалеченост од дури 50 километри. Токму затоа американскиот воен врв беше шокиран поради падот на авионот и на ракетите од видот „томахавк“, кои беа професионално уништени од Сиријците.
Американскиот борбен авион беше урнат во близина на границата со Јордан, а оштетените ракети паднаа во морето. Повикувајќи се на американски воени извори, „Оклахома пост“ објави дека на 30 август Сириската противвоздушна одбрана со помош на рускиот антиракетен систем „Панцир 1“ соборила четири американски ракети „томахавк“.
Воениот експерт Џон Рид Плава изјави дека Сирија, покрај „Ц-300“, ја има и новата, поусовршена верзија, како и системот „Ц-400“.
За настанот сведочат и жителите на сирискиот град Тартус, кои потврдуваат дека на 30 август, во попладневните часови слушнале звук од три авиони.
Едниот бил „миг -23“, вториот „миг-29“, кој се упатил кон издвоениот американски авион, кој бил забележан во близина на сириските територијални води.
Американските авиони биле на околу 20 милји оддалеченост од крајбрежјето на Сирија. Секој од нив во секој момент можел да влезе во сирискиот воздушен простор. Кога ги забележале сириските авиони како им се приближуваат, американските заминале кон морето.
На 1 септември, околу десет часот играта се повторила.Се знае дека со лансирните позиции во Сирија раководат доброобучени и искусни руски стручњаци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.