Откако во мај годинава македонскиот вицепремиер Фатмир Бесими водеше разговор во Атина со тогашниот шеф на грчката дипломатија Аврамопулос, оваа посета на Ахмети во Атина е продолжение на дипломатската офанзива на „интегративците“ за раздвижување на процесот за решавање на спорот околу името и за деблокирање на евроинтеграцијата на Македонија. Паѓа в очи фактот што за едно толку важно прашање за Македонија како држава, на вчерашната средба на Ахмети со Венизелос не присуствуваше и македонскиот амбасадор Сашо Стефков, туку неговиот шеф на кабинетот Артан Груби и „рамковниот“ вицепремир Муса Џафери. Поради тоа, следуваше критичката реакција од поранешниот министер за надворешни работи и сегашен пратеник на ВМРО–ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој на својот профил на „Твитер“ напиша:
„Мал проблем е што Ахмети има средба со Венизелос во Атина. Голем проблем е што од неа е исклучен амбасадорот на Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.