Македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски го скрши обрачот за време на денешниот, прв тренинг во Словенија. Македонските репрезентативци попладнево отпатуваа во Јесенице каде ќе се одржат натпреварите од нашата група на Европското првенство.
Во 21 часот започна тренингот во салата „Подмежакла“, по барање на селекторот Алеш Пипан кој сакал играчите да ги почуствуваат обрачите и паркетот, како и да имаат „мало“ раздвижување по авионскиот лет. Самарџиски го собра првиот трофеј.Фото: Сител
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


