Ако сакате да ја сфатите поентата на приказната за „Пепелашка“ погледнете го настапот на македонските кошаркари во Литванија пред две години – вака започнува профилот за репрезентацијата на Македонија на страницата на ФИБА. Се потенцира борбеноста до последен момент, како и настапот во Литанија на тимот „предводен од Бо Мекејлеб.
-Беа многу блиску до освојување на медал, но иако не го освоија беа пречекани како херои во нивната земја – стои во профилот на нашата селекција.
Се потенцира дека Македонците очекуваат многу од своите кошаркари.
-Се разбираовојпат противниците ќе бидат подготвени и Македонија нема да биде изненадувачки фактор, па така, за да стигнат до плеј-оф Мекејлеб и пријателите ќе мора да дадат поголем напор- пишува на страницата на ФИБА.
Се потенцира дека најголемата промена во тимот од 2011 година е селекторската промена, каде што на местото на МАрин Докузоски дојде Пипан. Се потенцираат фантастичниот Мекејлеб и искусниот Влатко Илиевски како сериозна закана за секој протиник на овој турнир.
-Мекејлеб е познат по неговата способност да го смени текот на било која игра и ќе биде интересно да се види дали тимовите можат да го сопрат. Александар Костовки и Дарко Соколов ќе бидат како резервна опција, но исто така можат да бидат и соочени со предизвикот доколку е потребно. Браќата Стојановски имаа задоволувачи сезони минатата година. Перо Антиќ е во одлична форма изминатите две години, тој стана играч во НБА лигата. Секогаш е возбудливо да се гледа поради емотивноста која ја покажува на терен. Антиќ повторно ќе биде една од највпечатливите фигури на евробаскетот. Тодор Гечевски и Ѓорги Чековски ќе помогнат со својата силна енергија – стои на сајтот.
Потенцирана е и важноста на навивачите, на кои се препишува дел од „вината“ за успехот на македонските кошаркари во Литванија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


