Едногодишниот Антик Хенис синоќа е погоден со куршум во главата. Несреќата се случила додека неговите родители го шетале во количка во Бруклин, Њујорк. 22-годишна девојка, Џина Гамбоа, е сведок на немилиот настан. Вели слушнала кога некој испукал три куршуми и тогаш здогледала човек кој трча во спротивна насока. Веднаш потоа го забележала и таткото на Антик кој бил крај количката. Се стрчал кон лицето што срелало, но набрзо се вратил кај својот син и почнал да вика: „Моето дете е погодено“. Детето се здобило прострелна рана на левата страна од лицето. Било пренесено во универзитетската болница „Брукдејл“, каде лекарите констатирале смрт. Полицијата се сомнева дека главна мета бил таткото на бебето бидејќи на куршумот со кој што е убиено детето било испишано името на таткото, Антони. Антони Хенис, според извори на медиумите во полицијата, имал полициско досие поради разни кривични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


