На последниот ден од преодниот рок за фудбалери во Европа, очекувано многу фудбалери ги менуваат клубовите.
Најголемо изненадување е Месут Озил кој се согласил на трансфер во лондонски Арсенал.
Тренерот на „топџиите“ Арсен Венгер долго време беше критикуван во текот на летото затоа што не успеа да го засили тимот со екстра засилување. Сепак, во текот на денешниот ден потврдено е дека германскиот репрезентативец ќе биде новото засилување за Арсенал.
Озил се наоѓа во Германија и се припрема за репрезентативните настапи и затоа тимот на лекари на Арсенал отпатува таму за да бидат извршени лекарските прегледи.
Сите детали се договорени помеѓу Реал Мадрид и Арсенал. Тој ќе премине во Лондон за 47 милиони евра и ќе потпише петгодишен договор со годишна плата од седум милиони евра.
Желбата на Озил беше да остане во Мадрид или да премине во Манчестер јунајтед, но откако не доби официјална понуда од англискиот тим се сложи на потпис кај лутиот ривал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


