
23 годишниот штипјанец, Иван Стојанов, повеќе од 2 години е неподвижен, откако му била извршена тешка операција, отстранување на циста од кичмениот столб. Операцијата е успешна, но потребна е постојана рехабилитација за да може Стојанов повторно да прооди.
– 4 месеци и повеќе бев во постела. Не можев да мрднам ниту со малиот прст. Сега ми е малку подобро, зошто еве сега можам да седам – вели Иван Стојанов.
Законот за здравствена заштита предвидува бесплатна рехабилитација само по 21 ден во годината, а за повеќе треба да се плати. Проблем е што неговиот татко е стечаен работник, а неговата мајка не може да оди на работа зошто треба да се грижи за него.
– Ние живееме со 4000 денари, од неговата „нега“. Нимеме финасии, татко му не работи, а имаме и девојче трета година гимназија-посочува неговата мајка Душка Стојанова .
Иван ги има искористено деновите за рехабилитација, лани во Охрид и годинава во штипската бања Кежовица, но тоа не е доволно за целосно да закрепне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


