Форензичарски тим на Флорида, во песоците во шумата Пенхендл, нашол импровизирани гробишта и човечки коски.
Се претпоставува дека коските најверојатно припаѓаат на момчиња, мистериозно исчезнати пред најмалку половина век од училиштето „Артур Дозиер“. Се верува дека момчињата биле тајно закопани , бидејќи на гробиштата и се најдени и алатки која се користеле за погреб.
-Ние пронајдовме докази во форма на додатоци и шарки за сандаците. Исто така најдени се и месингани иглички кои датираат од 20 и 30 години на минатиот век, вели д-р Кристијан Велс , антрополог од Универзитетот во Јужна Флорида, местото каде што во близина на училиштето се ископува.
На првиот ден од ископувањето, најдени се човечки коски, рече Велс , но додаде дека не е можно да се утврди со сигурност дали тие припаѓаат на момчињата на училиштето кое работело 111 години , а е затворено во 2011 година.
Коските ќе бидат тестирани на Универзитетот на Јужна Флорида и Северен Тексас, како дел од програмата финансирана од страна на американското Министерство за правда , изјавија официјални лица.
Истражувањето беше иницирано кога форензички тим, врз основа на поле за тестирање и стариот регистар, означиле 31 место каде што може да се најдат човечки коски и поставиле бели крстови во спомен на исчезнатите момчиња, чиј што број не е точно утврден.
Некои од поранешните ученици од училиштето, кои сега имаат помеѓу 60 и 70 години, раскажувале дека момчињата во училиштето биле брутално претепани – главно црнците – и потоа исчезнувале без објаснување пред повеќе од 50 години.
Роднините на исчезнатите момче дале примероците на крв , преку ДНК проверките да се утврди дали се најдени коски кои припаѓаат на исчезнатите ученици.
Членовите на семејствата на исчезнатите тинејџери, на пример Роберта Стивенс, чиј роднина бил ученик кој починал во училиштето во 1937 година, раскажува дека братот на нејзината баба се обидел да избега и бил убиен од друг ученик со нож. Таа додаде дека, сепак, во однос на тоа калку момчиња се водат за исчезнати, никој не знае како тие навистина умреле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


