| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските кошаркари заминаа за Словенија!

kosarkari1Избраниците на Алеш Пипан заминаа за Словенија. Александар Костоски, Владо Илиевски, Дарко Соколов, Лестер Бо Мекејлеб, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Владимир Брчков, Тодор Гечевски, Перо Антиќ, Стојан Ѓуроски, Ѓорѓи Чековски и Предраг Самарџиски се кошаркарите кои ќе се обидат да донесат нови радости. Тие првиот настап на ЕП го имаат во среда, против селекцијата на Црна Гора. Од Литванија се вратија со четврто место, се надеваме годинава повторно ќе покажат добра игра и ќе ја израдуваат јаноста со медал.

– Најважно е првин да ја минеме групата, а се друго сметам дека ќе биде плус. За мене лично огромна чест е да бидам дел од оваа репрезентација. Мислам дека секоја минута што ќе ја добијам од селекторот ќе биде огромно искуство за мене и за мојата кариера – изјави пред заминување најмладиот кошаркар во составот, Ѓуроски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top