| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши сагата со Бејл, Велшанецот промовиран во Реал Мадрид

Герет Бејл, конечно, пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, а сагата со трансферот на 23-годишниот Велшанец од Тотенхем во Реал Мадрид заврши со промоција што попладнево ја организираше најтрофејниот клуб. Синоќа и официјално беше потврдено дека Бејл ќе ја продолжи својата кариера во дресот на „кралевите“ за сума од 100 милиони евра, што претставува нов светски рекорд, па со самото тоа и дополнителен притисок врз Велшанецот.

– Пресреќен сум што денеска сум овде. За мене ова е најубав ден во животот. Секој фудбалер сонува да игра за Реал Мадрид, а и јас не сум исклучок, со нетрпение очекувам да го облечам дресот на овој клуб и да помогнам во остварувањето на зацртаните цели – изјави Герет Бејл.

Претседателот Флорентино Перез повторно направи спектакуларен трансфер, како тие на Кристијано Роналдо и претходно на Луис Фиго и на Зинедин Зидан.

GARETH BALE PRESENTATION

– Герет Бејл е еден од најдобрите фудбалери во светот и за нас е огромна чест што тој ќе биде дел од Реал Мадрид. Не се сомневам дека многу брзо ќе почне да прикажува добри игри и дека низ годините ќе се промовира во една од легендите на нашиот клуб – порача Перез.

Интересно е што „кралскиот клуб“ од Мадрид побара Герет Бејл да не игра во Скопје за Велс, на квалификацискиот дуел со Македонија на 6 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top