На почетокот на новата учебна година во Штип, градоначалникот Илчо Захариев, ги посети сите основни училишта. Во општината има над 400 првоодделенчиња. Но, во населбата Чардаклија во прво одделение е запишана само малата Андреа.
Таа со својот ранец првпат влезе во училиштето пречекана од седумте други другарчињата од повисоките одделение, пренесува „Макфакс“.
– Сакав да го посетам единствениот ученик бидејќи денешниот ден е момент од детството, од сечија историја и настан кој ќе го памети до длабока старост. Ќе бев посреќен ако имаше уште прводделенци, но се надевам дека идната година ќе бидеме сведоци и на тоа. Чардаклија е место кое почна да живнува, да се гради, а ние од идната година ќе асфалтираме и патишта за да можат младите да останат и да не се селат во градот. Можам да им посакам успех на сите ученици, да бидат примерни и дисциплинирани и да учат бидејќи тоа е пат кон успехот, го пренесе „Макфакс“ градоначалникот Захариев, кој на сите првоодделенци им подарил маички со испишани првооделенски пораки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.