| четврток, 6 декември 2018 |

Франциск – модерниот Папа

Папата Франциск повторно традицијата ја остава зад себе. Тој се поклони пред Ранија, кралицата на Јордан, при нејзината посета на Ватикан, заедно со сопругот Абдула Втори. Сепак, кралот не го добил тоа почитување во библиотеката во Ватикан.

– Тој се однесува како во времето кога не беше папа и протоколите не го интересираат – пренесува „Дејли телеграф“ извори од Ватикан.

Традицијата во Ватикан налага да се поклонат оние што доаѓаат во посета на папата, а ова правило ги исклучуваше жените.

Папата Франциск се чини воведува нови „модерни“ правила во Ватикан, а светските медиуми го пренесуваат секој негов нов чекор, како фотографирањето со млади италијански верници во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан или неговата активност на „Твитер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top