| четврток, 6 декември 2018 |

Половина бензински во Косово работат нелегално

benzinska pumpa

Само 454 од 900 бензински пумпи во Косово работат со лиценца од Министертвото за трговија и индустрија,- изјави Висар Бајрактари, раководител на Секторот за регулирање на пазарот со нафта при Министерството.

Според него, дел од нив имаат барање за продолжување на лиценцата, која е со важност од две години, додека 15 сопственици на бензински пумпи пријавиле во Министертвото дека за одреден период ја прекинале работата.

Тој не сака да го коментира постоењето „диви“ бензински пумпи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top