Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Алеш Пипан, го објави конечниот список на играчи што ќе настапат на Европското првенство во Словенија. На континенталниот собир нема да патуваат Марко Симоновски, кој подолго време беше повреден, и Бојан Крстевски.
Боите на Македонија во Словенија ќе ги бранат Александар Костоски, Владо Илиевски, Дарко Соколов, Лестер Бо Мекејлеб, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Владимир Брчков, Тодор Гечевски, Перо Антиќ, Стојан Ѓуроски, Ѓорѓи Чековски и Предраг Самарџиски.
Македонската селекција на Евробаскетот заминува денеска во попладневните часови. Првиот натпревар ќе го одигра в среда против репрезентацијата на Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.