| четврток, 6 декември 2018 |

Австралиските Грци по секоја цена сакаат да спречат конференција за поделбата на Македонија

avstralija grci

Најавата за одржување конференција за балканските војни на универзитетот во Мелбурн, чиј организатор е Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, не помина без реакција на грчкото лоби во Австралија.

Конференцијата треба да се одржи од 4 до 7 септември, а Грците веќе бараат од универзитетот во Мелбурн да не дозволи да се одржи конференцијата. Универзитетот доби и официјално писмо од Австралискиот хеленски совет, во кое Грците алармираат дека конференцијата имала цел да промовира историски реваншизам и територијални претензии кон Грција и кон Бугарија.

„Не треба да се дозволи да се одржуваат расистички настани, дури и кога гостуваат професори“, се вели во писмото на грчката дијаспора и се потестува дека Грците по потекло од грчка Македонија се длабоко навредени од неквалификуваната употреба на терминот Македонија или Македонци за промоција на овој настан кој се однесува на БЈРМ и нејзиното славомакедонско население“.

Во најавата за конференцијата пишува дека годинава се навршуваат 100 години од завршувањето на Втората балканска војна, која заврши со Букурешкиот договор со кој Македонија беше поделена на Србија, Грција и на Бугарија.

Конференцијата ќе се обиде да придонесе и во разбирањето на проблемите со меѓународното признавање на Македонија. Досега учеството на конференцијата го потврдија професорите Ендрју Росос (Andrew Rossos) од универзитетот во Торонто, Виктор Фридман (Victor Friedman) од Чикаго, Катерина Колозова од Американ колеџ од Скопје, Кејт Браун (Keith Brown) од Ватсон институтот на универзитетот Браун, Питер Хил (Peter Hill) од универзитетот во Хамбург, Акис Гаврлидис (Akis Gavrillidis) од универзитетот Македонија во Грција, Далибор Јовановски од „Свети Кирил и Методиј“…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top