Најмалку три операции на срце неделно изведува охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески во Центарот за Кардиоваскуларно заболувања во Охрид од каде седна во градоначалничката фотелја.
Бакрачеки за порталот А1он вели дека не се откажува од својата примарна професија и оти и понатаму учествува во развојните политики на центарот.
Бакрачески од изминатите пет месеци има извршено неколку десеттина операции на срце.
„Немам точни податоци колку точно операции имам изведено во овие неколку месеци од како сум градоначалник, но станува забор за 3-4 операции неделно, а некогаш и повеќе“, рече Бакачески за А1.
Бакрачески кој важи за признат кардиохирург вели дека најмалку двапати во недела оди на неговото поранешно работно место.
„Најмалку двапати во неделата во попладневните часови по завршувањето на активностите во локалната самоуправа, одам во мојата матична устаниова Завод за кардиоваскуларни заболувања и изведувам процедури и изведувам процедури она што неодамна го почнавме како активност е радиофрекфентни операции на проширени вени на нозе. Вршам и консултрации за комплексни и сложени случаи за кои е потребно и мое мислење, а учетвувам се уште и во организационите и развојни планови на мојата матична установа“, рече Бакрачески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.