
Играчите на бразилскиот фудбалски тим Наутико, изведоа извонредна акција која ја крунисаа со погодок, кој што веројатно ќе биде во конкуренција за најдобриот тимски гол годинава.
По поразот од 2:0 на теренот на својот противник, исто така бразилски претставник во ова натпреварување, Наутико во возвратното соочување триумфираше со ист резултат, а реализацијата со која беше анулирана предноста на Спорт, долго ќе се прераскажува.
Акцијата успешно ја комплетираше Хуан Мануел Оливера од Уругвај и тоа откако топката, без да ја допре земјата, промени тројца фудбалери, а по двојно додавање и неверојатен волеј-шут, на крајот ја затресе мрежата.
httpv://www.youtube.com/watch?v=b1G0pAq1lE4
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


