| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден македонски фудбалер во Калчото

agim ibraimi

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими дефинитивно го напушти Марибор и се сели во италијанската серија А.

Битката за нашиот интернационалец ја доби калчолигашот Каљари со кого Ибраими ќе потпише договор.
Ибраими во 50 натпревари во Марибор постигна 17 голови а беше редовен стрелец и на последните натпревари на македонската репрезентација.
Фактите од договорот официјално ќе бидат објавени во понеделник кога и ќе биде потпишан договорот.
Ибраими е трет македонец по Панчев и Пандев што ќе игра во најсилната италијанска лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top