| четврток, 6 декември 2018 |

Британец е татко на 500 деца

500 bebinja

По Првата светска војна, поголемиот дел од мажите во Британија или загинале или се вратиле дома со психички трауми, ранети.. во земјата се создале огромен број на жени кој сакале потомство а неможеле да зачнат. Решението го нашла докторката Хелена Рајт и човек кој засега е познат само под името Дерек.

Хелен сакала да им помогне на жените и на својата земја па барала маж кој ќе е атрактивен и здрав за да ги оплоди жените – тогаш немало вештачко оплодување па работите оделе по природен пат – односно жените имале сексуални односи со Дерек. Според информациите Дерек бил аристократ, прилично слободен за свое време и со огромен апетит за секс, па со задоволство ја прифатил понудата на докторката.

Процедурата била следна… жените се пријавувале, Дерек одел на еден состанок со нив и имале секс. Ако зачнат зачнат, ако не нема втор обид за да не се остави можност за емоционална поврзаност. Но зачнувањето на Дерек изгледа не му одело тешко. Според информациите од 1917 до 1950 година тој е татко на над 500 деца, а дали некоја жена забременила дознавал од телеграмите на докторката.

Сопрузите на жените можеле да се запознаат со Дерек ако сакаат, но разбирливо никој не сакал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top