Навистина, штркот бил „приведен“ и затворен е се додека поинаку не каже обвинителството. Бил пронајден 450 километри југоисточно од Каиро, со електронска направа на ногата, за која има сомнежи дека служела за шпиунирање.
И покрај тврдењата на ветеринарите кои погледнале што има штркот на ногата, дека се работи за уред на француските научници за следење на движењето на прицата, кој престанал да работи кога штркот заминал од Франција, сомнежи се уште има.
Штркот останува во кафез во полициската станица додека обвинителството не дозволи да биде ослободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



