| четврток, 6 декември 2018 |

Смена на врвот на КФОР

KFOR-foto-24mediaИталијанскиот генерал Салваторе Фарина идната недела ќе стапи на чело на меѓународните мировни сили на Косово, КФОР.
На таа позиција тој ќе го замени германскиот генерал Фолкер Халбауер. Планирано е должноста на италијанскиот колега да му ја предаде на 6 септември, во командата на КФОР во Приштина.
Италијанскиот контингент во КФОР е трет по големина, после германскиот и американскиот, а генерал Фарина има искуство на Балканот, бидејќи беше ангажиран во Босна и Херцеговина.
КФОР е составен од 4.985 војници, од кои 810 од Германија, 750 од САД и 504 од Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top