Дел од Србите во Словенија бараат да им се додели статус на национално малцинство. Тие барањето го претставиле на собир пред седиштето на Сојузот на српската дијаспора во Љубљана, а потоа истото го сторила и пред Министерството за култура на Словенија и пред амбасадата на Србија во Словенија.
Според претставникот на Сојузот на српската дијаспора Саша Гајиќ, српската заедница во Словенија е дискриминирана во однос на трите уставно признатите малцинства, италијанската, унгарската и ромската, посочил тој за словенечките медиуми, притоа е дискриминиранa и во користењето средствата од европските фондови што ги доделува Министерството за култура на Словенија. Најавил дека доколку нивните барања не бидат прифатени за неколку месеци ќе организираат нов собир на кој ќе бидат присутни неколку илјади луѓе.
Од Министерството велат дека не станувало збор за никаква дискриминација, ниту пак за корупција при распределбата на фондот од 15 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.