Марица Тодорова од Скопје го збогати својот викенд-престој во Охрид, јавува „Охрид прес“. Oд продажното место „Владија“ на улица „Туристичка“, таа си купила грепка Твингоманија 2 кој и ги донел клучевите на тринаесетта премија – автомобилот Рено Твинго Тренд.
Летово ова е втората премија автомобил кој е освоен во продажните места во Охрид. Претходно охриѓанец успеа да ги добие клучевите на автомобилот Поло, еден од вкупно 20-те премии во инстант лотаријата „Среќни тркала“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.