La Gloria Cubanа Marshall се кубански пури произведени специјално за јадранскиот регион, а настанале во чест на најпознатиот афиционале на овие простори – маршалот Тито. Тоа се едни од најбараните пури, пред сѐ, поради тоа што се произведуваат во мало количество. Популарни се поради непобитниот факт дека се произведени за поединечни региони и не може да се набават никаде на друго место во светот, па на светските фанатици кога ќе им се спомене La Gloria Cubanа Marshall, природно им доаѓа вода на уста. Доаѓаат во витоли кои не го содржат брендот под кој се појавуваат во портфолиото. Меѓутоа, најважен за популарноста на овие пури е фантомскиот имиџ. Се знае дека се произведени во 2008 година, тоа го пишува дури и на Википедија, но неколку години никој не можеше да ги купи. Идејата за пурите направени во чест на познатиот државник Јосип Броз Тито неколку години му се вртела во главата на Ален Косановиќ, а почнал да ја реализира во февруари 2007 година.
Што се однесува до самиот облик, се одлучил за глобално популарниот робусто, а од брендовите кои не произведувале такви пури ги избрал Gloria Cubanа. Еден од најстарите кубански брендови, потекнува од 1885 година, и несомнено еден од најомилените на добрите познавачи. По Кастровата револуција производството на овие пури мирувало, но во 1965 година се сели во фабриката Партагас. Денеска жолто-црвениот La Gloria Cubanа прстен носи пет кубански пури: многу елегантните Medaille D’or 1, 2, 3 и 4, како и најголемата меѓу нив, во формат Taimo Churchill. Сите се произведени рачно од цели листови тутун од долината Вуелта Абајо, сместена стотина километри западно од Хавана, која во светот на пурите е она што е Бордо во светот на црните вина. Бидејќи е добар познавач на кубанската бирократија, но и на специфичностите на производството на премиум пурите (ова производство вклучува одлежување и правилна подготовка на најдобрите листови тутун), Косановиќ не очекувал дека ќе бидат готови пред Божиќ 2007 година. Но, есента 2008 година од Партагас му јавуваат дека работата е при крај. И тука почнуваат неволјите.
Менаџментот на Хабаноса С.А., со немарноста типична за социјалистичката администрација, не го заштитил името La Gloria Cubanа во Европа, па затоа пурите почнала да ги произведува и Swedish Match. Имено, освен во Куба, La Gloria Cubanа, се произведува, како што е случај со многу други славни кубански брендови, во Доминиканската Република и во Мајами на Флорида. Покрај петте наведени кубански, се произведуваат повеќе од 20 витоли под исто име во сопственост на Swedish Match, кој успешно го спречил извозот на нарачаните цигари во нашиот регион. Со долготрајни правни перипетии коишто сериозно му наштетиле на нарачателот конечно било најдено решение. Маршалките стигнаа под друг кубански бренд кој дотогаш не произведувал робусто, Vegas Robaina. Станува збор за релативно млад кубански бренд, основан во 1997 година. Името го добил по семејство од Пинар дел Рија, главен град на покраината Вуелта Абајо, познат тутунски регион веќе два века. Всушност, во регионот пристигнуваат пурите La Gloria Cubanа, но со друга етикета. Бидејќи кутиите за пурите биле произведени пред да се заштити името, Habanos не ги уништуваат, туку врз La Gloria Cubana ставиле сребрена плочка натпис Vegas Robaina натпис.
Тест
Име на пурите: Vegas Robaina Marshal (RE Adriatico, 2008)
Земја на потекло, обвивка, спојувалка, содржина: Куба
Големина: 12,45cm
Прстен: 50
Форма (Vitola): Робусто (Robusto)
Цена: $15
Според едно реномирано списание за пури оваа пура котира многу високо. Во дрвени кутии се спакувани 10 цигари (3-4-3) замотани со жолта сатенска врвка со логото LGC и натписот Marshall (Кубанците, повторно трапаво и невнимателно, непотребно додале уште една буква л). Еве ги резултатите од тестирањето на пурите. Анализата е направена по две испушени пури.
Vegas Robaina Marshal е пура со совршени димензии – и ширина и должина. Обвивката е во кафеава боја и е груба на допир. Дури е зачудувачки колку тешко може да се стисне. Има и втора лента со ознака Exclusivo Adriatico. Врвот е направен екстремно добро. Обвивката е многу сува и нерамна по должината, мириса малку слатко, со ноти на кожа и сено. Првото вовлекување има мирис на сладок кедар, сено и сосема малку бибер.
Првата третина започнува со малку бибер, ама доминираат вкусовите слаткиот кедар и сено, заедно со нафрлената цветна нота, Убав почеток, благ, но интензивен.
Втората третина продолжува со истиот вкус, главно сладок вкус на сено и дрво. Сепак, забележав нота на мед, дури и јаткасти овошја. Биберот и понатаму се чувствува, но како придружен вкус.
Последната третина се сосема поинаква. Се јавува многу посладок вкус на овошје. Сѐ уште доминираат вкусовите на дрво и кожа, но не се интензивни. Малку се чувствува и биберот, но тоа е толку малку што не прави некаква разлика. Во ниту еден момент вкусот не станува лут и груб, а крајот е екстремно сув.
Заклучок:
За жал, најверојатно, никогаш нема да дознаеме што се случи со овој производ. Можеби оваа пура е само мешавина на Vegas Robaina, можеби е La Gloria Cubana во Vegas Robaina пакување, можеби само кутиите биле направени, а мешавината Vegas Robaina била подготвена подоцна.
Ако пропуштивте да забележите, на страните од кутијата, отпечатено е името Marshall (со две Л), а името на отстранливата плочка на предната страна од кутијата е Marshal (со едно Л)… колку што знам, името секогаш било Marshal (со едно Л), па ме збуни од каде се појави Marshall.
Интересно, Vegas Robaina Marshal има забележливо поцврсто тело, имајќи го предвид слаткиот профил.
На крајот, иако, Vegas Robaina Marshal е едно од подобрите регионални изданија што сум ги пушел во последно време, морам да бидам искрен дека повеќе ме заинтересира историјата на овие пури. Би ги пушел, само ако можам да ги најдам.
Пишува: Билјана Зафирова
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.