| четврток, 6 декември 2018 |

Хашим Тачи поддржува напад над Сирија

hasim-taci-

-Војната во Сирија, во која во само последните неколку дена илјадници луѓе ги изгубија животите, меѓу кои и стотици деца, најдобро укажува на потребата од меѓународна интервенција во таа земја. Иако Косово и Сирија се два различни случаи, хуманитарната интервенција се покажува како единствено, праведно, хумано решение со кое се поддржува демократијата во светот – стои во писменото соопштение на премиерот на Косово, Хашим Тачи.

Тој наведува дека интервенцијата, со која би се запреле нападите на Башар ал Асад против сопствениот народ, е неопходна, со цел да се пружи поддршка на сирискиот народ во нивните напори за слобода, демократско уредување, владеење на правото и човекови права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top