| четврток, 6 декември 2018 |

Листата со новата класа питомци на Воена академија наместена

pitomciКонечната листа за прием на новите питомци на Воената академија е наместен и скандалозен, тврдат кандидатите кои се одбиени. Дел од нив веќе подготвуваат приговори, но дел поучени од ланскиот прием, се сомневаат дека тоа ќе вроди со плод. Неколкумина револтирани и разочарани студенти со кои дневниот весник Вечер стапил во контакт ги покажале бодовите од прелиминарната листа која на официјалната веб-страница на Министерството за одбрана била објавена во понеделникот и била повлечена веднаш откако во четвртокот, 29 август била пуштена конечната листа во форма на Решение потпишано од министерот Талат Џафери.

Од споредбата точно се гледа дека на конечната листа од 26 примени питомци, фигурираат имињата на кандидатите кои на прелиминарната листа биле на 109 место и освоиле 63 бодови, а ги нема кандидатите кои освоиле 93,77 бодови и биле рангирани на високо 9 место на табелата.

– Не се работи за питомци кои се избирани според правична застапеност бидејќи гледате дека половина односно 14 питомци се Македонци, 10 Албанци и по еден Турчин и Бошњак – велат соговорниците.

Всушност, на прелиминарната табела фигурираат 129 кандидати распоредени според резултатите од успехот во средно, бодовите од државна матура и бодовите од физичките проверки. На листата до 35 место има само еден Бошњак на 17 место и еден Албанец на 20 место кои на конечната листа се 15, односно 26. Оштетени има и од кандидатите Албанци. Имено, од прелиминарната листа се отфрлени кандидати кои имаат 89,5 бодови, 83,9 или 79,9 бодови, а примени се кандидати кои со освоени 63,19 бодови биле на 109 место, или со 63,37 на 108 место.
Во случајов, најоштетени се претставниците на помалите заедници. На пример, не е примен Влав кој бил на 54 позиција со освоени 83,17 бодови, ниту Србин кој е три места подолу со 80,95 бода или Ром кој со освоени 75,77 бода бил на 72 место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top