Поранешниот началник на Генералштабот на војската на Соединетите Американски Држави, пензионираниот генерал Весли Кларк ја отфрлил споредбата на косовската интервенција со можната воена интервенција во Сирија. Ставот на Кларк е објавен во Ју-ес-еј тудеј во негов авторски тект. Во него тој посочува дека интервенцијата во Сирија би била послична на нападот врз главниот разузнавачки центар на Садам Хусеин во Багдад, кој бил извршен поради наводното планирање на атентат на поранешниот претседател Џорџ Буш Постариот.
-За време на деведесеттите САД имаа многу поголема улога на глобалната сцена отколку што имаат денес. Русија се бореше да се одржи по распадот на Советскиот Сојуз, додека Кина беше далеку од сегашниот извонреден економски раст- оценил пензионираниот генерал.
Кога станува збор за интервенцијата против Србија во 1999 година, Кларк вели дека, иако не гледа преголема сличност со Сирија, некои важни лекции научени тогаш би можеле да бидат од полза сега.
-Како ни сега, ни тогаш немаше резолуција на ОН која експлицитно би му дозволила на НАТО да ја бомбардира Србија. Но, членките на НАТО успеаја да најдат начин, вклучувајќи ја и претходната резолуција на ОН, со која беше легализирана акцијата. Сега кршењето на Женевската конвенција би можело да биде доволно оправдување- смета Кларк.
Според него, косовскиот пример покажува дека не е императив да се одговори веднаш „штом се премине црвената линија“. Вели НАТО во 1998 година ја постави црвената линија, а „Србите ја прекршиле во јануари следната година кога убиле најмалку 40 фармери во Рачак“.
-Интервенцијата не беше извршена веднаш, туку ѝ се даде шанса на дипломатијата која ја предводеше Франција – коментира тој.
Смета дека американскиот претседател Барак Обама оправдано ја поставил линијата за употребата на хемиско оружје.
-Во текот на деведесттите од претседателот Клинтон научивме дека таму каде што можеме нешто да смениме, мораме да интервенираме – констатира Кларк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


