30-тина автомобили синоќа на бензиската пумпа Лук Оил во Охрид во резервоарите добиле вода наместо бензин.
Револтираните возачи откако сфатиле дека има проблем со горивото се вратиле на бензиската и реагирале кај вработените, јави Охрид1.
Од „Лук Оил“ излегле со став дека пукнала цевка и водата сама се измешала со бензинот, по што вработените смирено ги сослушале и ги упатиле оштетените возачи на поправка ветувајќи дека штетата ќе им биде надокнадена.
– Доколку имате фискална дека сте ставиле бензин кај нас може уште утре да ја однесете колата во салон да ви ја поправат, а ние ќе ја платиме штетата, им било советувано.
Инспекција веднаш излезе на терен, а за регистрираните пропусти бил направен записник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


