| четврток, 6 декември 2018 |

Лукаку трагичар, Баерн го освои Суперкупот на Европа

Ромелу Лукаку е вистински трагичар на Челси со промашен пенал во последната серија, а утката му донесе уште еден трофеј на актуелниот европски првак Баерн, кој е носител на Суперкупот на Европа. На „Еден“ арената во Прага, баварците се спасија со гол во последните секунди од 30 минутното продолжение, а и последниот пенал во серијата од по 5 удари им го донесе пехарот.

Во регуларниот дел по 90 минути беше нерешено, 1-1, со головите на Торес за Челси и на Рибери за Баерн. Тимот од Лондон во 85. минута остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Рамиреш, но умешно се бранеше. Дури преку извонредниот Еден Азар и поведоа во третата минута од првото продолжение, а феномелналниот голман Петр Чех не дозволуваше доминацијата на Баерн да се реализира со ново израмнување. И кога се чинеше дека избраниците на Жозе Мурињо ќе го освојат трофејот во последните моменти Хави Мартинез погоди за 2-2, па победникот мораше да се одлучува по пенал серија. До последниот удар сите играчи од двата состави беа прецизни, а Лукаку многу несмасно и млако шутираше, што за голман од калибарот на Нојер е подарок, кој германскиот репрезентативец не го одбива. Лесно го одбрани пеналот за прв трофеј за Баерн сезонава и сефте и за новиот тренер Пеп Гвардиола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top