| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо пак се изнервира: Не играме јас и Пеп, вечерва Челси и Баерн се борат за трофеј (видео)

Жозе Мурињо повторно се изнервира и бурно реагираше на забелешката на новинарите дека нема многу успех против Пеп Гвардиола, пред вечерашниот дуел во Прага меѓу Баерн и Челси. Ќе се игра во Прага во Суперкупот на Европа, а дуелот е вообичаен меѓу актуелниот европски шампион и освојувачот на Лига Европа.

Гвардиола ќе биде на кормилото на европскиот владетел Баерн, а Мурињо на спротивната страна ќе го предводи актуелниот освојувач на ЛЕ, Челси. Двајцата имаа 15 меѓусебни дуели како кормилари на Барселона и Реал во изминативе години, а беа на спротивните страни кога Мурињо го предводеше Интер. Во Шпанија билансот беше 3 победи за Мурињо и Реал, 7 за Барса и Пеп, а 5 дуели завршија без победник.

„Ова е симболот на Челси и јас дојдов тука како кормилар на овој клуб. Очекував прашања за вечерашниот дуел. Нема да играме јас и Пеп, туку Баерн и Челси“, изјави Мурињо, додавајќи дека новинарите грешат и оти не му ги сметаат победите против Гвардиола, како тренер на Интер.

Мечот се игра вечерва на прекрасната „Еден“ арена во Прага од 20,45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top