| четврток, 6 декември 2018 |

Терор во Сингелиќ: Го убиле со боксови за 1000 денари

ski-mask-featureДвајца разбојници на возраст од 18 и 30 години насилно влегле во куќата на 78 годишниот Шуќо од скопски Сингелиќ со мислејќи дека ќе најдат пари. Си заминале со 1000 денари, оставајќи го безживотното тело на Шуќо. Полицијата ги привела и им поднела кривични пријави за разбојништво со смртни последици.

Истрагата покажува дека додека претурале низ куќата го разбудиле старецот. Едниот го држел, а  другиот го удирал со боксови во главата. Разбојниците му го украле и пиштолот кој го чувал дома и избегале, а Шуќо починал од тешките повреди. Соседите кои му носеле храна,  следниот ден разбрале за смртта на самецот.

Полицијата смета дека заедно со двајцата приведени има уште четворица меѓу кои и жената која ја чистела куката на Шуќо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top