| четврток, 6 декември 2018 |

Мистичен дом на скромните чудотворци со име Гаврил

Лесновски манастир Архангел Михаил

lesnovski-manastir-1Сме­стен во дла­бо­чи­ни­те на про­би­штип­ско-зле­тов­ски­от ба­сен, во ју­го­за­пад­ни­от дел од не­ко­гаш те­ктон­ски не­мир­ни­от осо­гов­ски гра­ма­ден ма­сив, во ср­це­то на из­гас­нат вул­кан­ски кра­тер, лес­нов­ски­от ма­на­стир „Све­ти ар­хан­гел Ми­ха­ил“ со ве­ко­ви е не­од­мин­ли­ва ста­ни­ца на мно­гу­ми­на. Пра­вос­лав­ни хри­сти­ја­ни, лу­ѓе со ма­ка, стран­ци, тра­га­чи по воз­бу­ди и ми­сте­рии, ате­и­сти и обич­ни на­мер­ни­ци, се­кој во сво­ја ми­си­ја, низ вре­ме­то фи­ли­гран­ски пре­циз­но ва­ја­ат фи­гу­ра на сил­но по­зи­тив­но енер­гет­ско по­ле око­лу ма­на­стир­ски­от атар.

Тоа по што си­те тие буд­но и со на­чу­ле­ни уши тра­га­ат се при­каз­ни­те за чу­да­та по­вр­за­ни со комп­ле­ксот по­све­тен на Га­врил Лес­нов­ски и на ар­хан­гел Ми­ха­ил. По ка­жу­ва­ња за го­ле­ми и не­об­јас­ни­ви де­ла на ос­но­во­по­лож­ни­кот на ма­на­сти­рот Га­врил Лес­нов­ски, но и на епи­ско­пот Га­врил Ве­лич­ки, кој сѐ до кра­јот на ми­на­ти­от век го ра­ко­во­дел цр­ков­ни­от жи­вот во ед­но од нај­ста­ри­те се­ла во зем­ја­та.

А, нив ги има мно­гу, но ми­сти­ка­та за по­го­ле­ми­от дел и по­тра­га­та по не­ра­ска­жа­но­то е ни­шка­та што му да­ва за­бра­нет вкус на овош­је­то во Лес­но­во – ве­лат ло­кал­ни­те жи­те­ли.

lesnovski-manastir-3

– Лес­но­во е до­мот на чу­до­твор­ци­те со исто име, Га­врил. До­бро­де­те­ли од раз­лич­ни вре­ми­ња. За чу­да­та на Га­врил Лес­нов­ски и на Га­врил Ве­лич­ки мно­гу­ми­на зна­ат. Но, тоа што е нај­важ­но е де­ка и двај­ца­та би­ле скром­ни и Бож­ји лу­ѓе, кои за сво­и­те де­ла ни­ко­гаш не го­во­ре­ле. Па, та­ка, има мно­гу по­ве­ќе до­бри­ни и чу­да на­пра­ве­ни од нив за кои мно­гу мал­ку се знае или во­оп­што не се знае. Тоа е ед­на ми­сте­ри­ја, ко­ја пре­диз­ви­ку­ва да би­де откри­е­на. Жи­ти­е­то на Га­врил Лес­нов­ски откри­ва де­ка на мно­гу­ми­на им по­мог­нал да се спа­сат од не­из­леч­ли­ви бо­ле­сти, но и од раз­ни бе­со­ви, по­ра­ди што комп­ле­ксот, кој му го по­све­тил на ар­хан­гел Ми­ха­ил, низ вре­ме­то на­ро­дот му го по­све­тил и го иден­ти­фи­ку­вал и со не­го. Жи­ти­е­то на­та­му рас­ка­жу­ва де­ка Га­врил по на­пу­шта­ње­то на ма­на­сти­рот оти­шол во ме­сто­то Лу­ко­во во шум­ски пре­дел за кој ни­кој не зна­ел и та­му по­ми­нал дел од сво­јот жи­вот. Се слу­чи­ло ед­наш да му се обра­ти за по­мош не­кој ло­ка­лен се­ла­нец, кој ше­тај­ќи го ста­до­то ги чул не­го­ви­те мо­ли­тви упа­те­ни кон Бо­га. Го за­мо­лил да му по­мог­не на ста­до­то ко­зи, кои би­ле бол­ни по­ра­ди гре­во­ви­те што ги пра­вел. Га­врил на­шол во­да во ед­на дуп­ка од ка­мен, ја пре­кр­стил и му ја дал на ов­ча­рот да ги по­пр­ска ко­зи­те. Спо­ред ка­жу­ва­ња­та тие вед­наш оз­дра­ве­ле – рас­ка­жу­ва­ат лес­нов­ци.

Но, тоа што е нај­све­жо и што мно­гу­ми­на со свои очи го ви­де­ле се, се­ка­ко, де­ла­та на епи­ско­пот Га­врил Ве­лич­ки, кој од 1975 до 1990 го­ди­на го во­дел мо­на­шки­от жи­вот во Лес­но­во. И де­нес, мно­гу­ми­на до­а­ѓа­ат во овој крај од зем­ја­та са­мо за да се уве­рат во ми­риз­ба­та што се ши­ри од не­го­ви­от гроб, сме­стен во ма­на­стир­ски­от комп­лекс, и во свет­ли­на­та што из­ле­гу­ва од не­го­во­то веч­но по­чи­ва­ли­ште.

lesnovski-manastir-2

– Не­го­ви­от на­чин на жи­вот бе­ше за при­мер. Ре­тко мој мо­же­ше да го сле­ди во иста ме­ра тоа што го пра­ве­ше тој. Бе­ше чо­век што го љу­бе­ше сво­јот на­род и му бе­ше пре­да­ден на Бо­га. Бе­ше строг кон се­бе, а благ кон дру­ги­те и по­ду­чу­ва­ше на љу­бов, са­мо­жр­тва, кро­ткост, стрп­ли­вост, ве­ра во Бо­га и на мо­ли­тви. Не ја­де­ше мас­ло и ре­тко спи­е­ше. И то­гаш ко­га спи­е­ше, спи­е­ше на под или са­мо на ро­го­зи­на. Ре­тко и ја­де­ше, а за праз­ни­ци­те зна­е­ше са­мо да го на­то­пи пр­стот во кан­ди­ло и да го из­ли­же. Но, за­тоа, пак, бе­ше се­ко­гаш под­го­твен да по­мог­не и да се по­мо­ли за не­ко­го – рас­ка­жу­ва­ат лу­ѓе­то што има­ле мож­ност да го за­поз­на­ат епи­ско­пот.

lesnovski-manastir-6

Од жи­ти­е­то за Га­врил Ве­лич­ки

Епи­ско­пот Ве­лич­ки Га­врил е ро­ден на 1926 го­ди­на во Штип, во се­мејс­тво­то Пар­на­џи­е­ви.
Уште ка­ко млад се ка­ра­кте­ри­зи­рал со по­себ­на кро­ткост и пос­луш­ност. Во уче­ње­то бил остро­у­мен и со по­се­бен нас­ле­ден та­лент во ли­ков­на­та умет­ност, ко­ја ја кру­ни­сал и со дип­ло­ма од бел­град­ски­от уни­вер­зи­тет на отсек ва­јарс­тво во 1955 го­ди­на. Бил еден од по­до­бри­те ва­ја­ри во др­жа­ва­та. По­доц­на се вра­бо­тил ка­ко про­фе­сор по исто­ри­ја на умет­но­ста и по ли­ков­но обра­зо­ва­ние во штип­ска­та гим­на­зи­ја.

Иа­ко слу­жел во све­тов­ни­те служ­би, се­пак ни­ка­ко не ја за­бо­ра­вал и Бож­ја­та служ­ба. Имал на­ви­ка се­којд­нев­но да при­сус­тву­ва на бо­гос­луж­би­те во ка­те­драл­на­та цр­ква „Св. Ни­ко­ла“ во Штип. Во тоа вре­ме, иа­ко би­ло вре­ме на нај­строг ате­и­зам и ко­му­ни­зам, со про­гра­ми­ран про­гон на Цр­ква­та, тој не се отка­жал од Бо­га. Ду­ри и сво­и­те уче­ни­ци ги по­у­чу­вал во ве­ра­та. За Ве­лиг­ден ре­дов­но им де­лел по ед­но цр­ве­но ве­лиг­ден­ско јај­це и им ве­лел: Де­ца, изе­де­те ги јај­ца­та, згме­че­те ја луш­па­та и рас­фр­ле­те ја по гра­дот за да ви­дат си­те де­ка Хри­стос во­скрес­на!

Вo 1963 го­ди­на го оста­ва све­тот и све­тов­на­та служ­ба и за­ми­ну­ва со си­от свој жи­вот да му слу­жи единс­тве­но на Бо­га. За­ми­ну­ва на Све­та Го­ра Атон­ска. За не­го­ви­от пре­стој та­му до­бил ди­рект­но бла­гос­лов од игу­ме­ни­ја­та на Све­та Го­ра, Бо­го­ро­ди­ца. Се рас­ка­жу­ва де­ка ко­га стиг­нал во мо­на­шка­та др­жа­ва, до­шол на бре­гот на Бе­ло­то Мо­ре и са­кал да се из­мие. То­гаш здог­ле­дал же­на што умил­но го гле­да­ла. По не­кое вре­ме же­на­та, ка­ко што дош­ла, та­ка и за­ми­на­ла. Раз­мис­лил и зак­лу­чил де­ка тоа би­ла Бо­го­ро­ди­ца би­деј­ќи при­ста­пот на же­ни на Све­та Го­ра е стро­го за­бра­нет.

За жал, за­тоа што бил Ма­ке­до­нец и не са­кал да се за­пи­ше под дру­га на­ци­о­нал­ност, за вре­ме на не­го­ви­от пре­стој на Све­та Го­ра имал по­сто­ја­ни по­ли­тич­ки проб­ле­ми од вла­сти­те, ме­ѓу­тоа Бог го чу­вал пре­ку це­ло­то тоа вре­ме. Се спо­ме­ну­ва­ат две та­кви случ­ки, ко­га во две раз­лич­ни окол­но­сти са­ка­ле да го про­те­ра­ат од Све­та Го­ра. Во ед­ни­от слу­чај, ко­га вле­гол во ед­на пе­ште­ра ка­де што еден па­јак исп­лел тол­ку го­ле­ма па­ја­жи­на што го­ни­те­ли­те не го ви­де­ле, а во дру­ги­от слу­чај, пак, го за­шти­ти­ле змии.

Та­му се под­ви­зу­вал во ски­тот „Ка­ме­на“ во ед­на пе­ште­ра ка­ко пос­луш­ник на отец Тат­јан (Рус), кој, за жал, кра­тко вре­ме по тоа се упо­ко­ју­ва во Гос­по­да. На ли­тур­ги­ја и при­чест нај­че­сто одел во ма­на­сти­ри­те „Хи­лан­дар“ и „Све­ти Пав­ле“, ка­де што по­ра­ди не­го­ви­от иск­лу­чи­те­лен ти­вок ка­ра­ктер го до­бил и на­зи­вот Не­вид­ли­ви­от, за­тоа што ни­ту го гле­да­ле ко­га до­а­ѓа, ни­ту ко­га за­ми­ну­ва, единс­тве­но мо­же­ле да го ви­дат ко­га при­ста­пу­вал да се при­че­сти со све­ти­те и спа­со­нос­ни жи­во­твор­ни тај­ни Хри­сто­ви.

Бил за­мо­на­шен во ма­на­сти­рот „Све­ти Пав­ле“ со мо­на­шко име отец Га­врил.

Не­го­ви­те под­ви­зи на Све­та Го­ра ни­кој не ги знае. Се за­ни­ма­вал и со ум­на­та мо­ли­тва во под­ви­гот на очи­сту­ва­ње на ср­це­то од стра­сти­те. Во не­пре­стај­но­то из­го­ва­ра­ње на име­то Ису­со­во во очи­сте­но­то ср­це. Здо­бил и ум­но-ср­деч­на мо­ли­тва. До­бил од Бо­га дар на пред­ви­ду­ва­ње и на чу­до­творс­тво.

Има мно­гу­број­ни све­дош­тва за све­то­ста на не­го­ви­от жи­вот и за не­го­ва­та жед за Бо­га. Ед­наш еден чо­век што мно­гу до­бро го поз­на­вал ре­кол: не сум ви­дел чо­век што тол­ку го са­ка­ше Бо­га. Ко­га во 1971 го­ди­на се вра­тил од Све­та Го­ра, ба­рај­ќи мир за да мо­же по­сто­ја­но да му се мо­ли на Бо­га, сме­нил не­кол­ку ма­на­сти­ри, „Све­та Бо­го­ро­ди­ца“ на Ма­тка, „Све­та Бо­го­ро­ди­ца“ во По­бож­је, „Све­ти Ди­ми­триј“ во Мар­ков Ма­на­стир, „Све­то Пре­о­бра­же­ние“ во Зр­зе, за во 1975 го­ди­на трај­но да се на­се­ли во ма­на­сти­рот „Све­ти Га­врил Лес­нов­ски“ во Лес­но­во во Бре­гал­нич­ка­та епар­хи­ја, то­гаш­на Зле­тов­ско-стру­мич­ка, ка­де што че­сто зна­ел и со де­но­ви да се пов­ле­че од ма­на­сти­рот и да се на­се­ли во две­те ближ­ни пе­ште­ри ка­де што се под­ви­зу­вал и не­го­ви­от исто­и­ме­ник све­ти Га­врил Лес­нов­ски. Из­бег­ну­вал ме­теж и не­при­јат­но­сти и во ед­на та­ква при­го­да, би­деј­ќи жи­ве­ел во вре­ме­то на ате­и­зам, во не­го­ви­от ма­на­стир дош­ле ед­на гру­па вој­ни­ци. То­гаш се зак­лу­чил во сво­ја­та ќе­ли­ја и це­ла не­де­ла до­де­ка би­ле та­му не из­ле­гол, пре­би­вај­ќи во ти­ши­на­та на по­сто­ја­на­та ум­но-ср­деч­на Ису­со­ва мо­ли­тва.

Имал го­ле­ма љу­бов кон вер­ни­от на­род. Че­сто ги со­би­рал лу­ѓе­то за го­ле­ми­те праз­ни­ци и им др­жел се­ноќ­ни бде­ни­ја. Имал го­ле­ма ве­ра и љу­бов кон Бо­га, та­ка што за што и да го по­мо­лил Бо­га, вед­наш го до­би­вал. Има мно­гу­број­ни при­ме­ри за чу­до­твор­но­ста на не­го­ва­та мо­ли­тва.

Ма­на­сти­рот во Лес­но­во ста­на­ла кош­ни­ца за си­от Бо­го­тра­жи­тел­ски на­род во тоа вре­ме. До­а­ѓа­ле лу­ѓе од си­те кра­и­шта на др­жа­ва­та и лу­ѓе од нај­раз­ли­чен про­фил и про­фе­си­ја. Отец Га­врил ста­нал воз­љу­бен ду­хо­вен отец на мно­гу­ми­на што го ба­ра­ат Бо­га.

Тој го об­но­вил и раз­ур­на­ти­от стар ко­нак во ма­на­сти­рот и ја по­диг­нал и цр­ква­та „Ус­пе­ние на пре­све­та Бо­го­ро­ди­ца“ во Про­би­штип, ко­ја е и пр­ва и единс­тве­на цр­ква во гра­дот.

По­крај си­те свои под­ви­зи и од­го­вор­но­сти, учел и ме­ѓу пр­ви­те дип­ло­ми­рал на Те­о­ло­шки­от фа­кул­тет во Скоп­је.
Не­го­ва­та пре­по­доб­ност би­ла по­чи­ту­ва­на и над­вор од Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква. Пред да дој­де на Све­та Го­ра, Ср­би­те са­ка­ле да го на­пра­ват вла­ди­ка во СПЦ, а имал и бли­ски вр­ски со оте­цот Еми­ли­јан Си­мо­но­пе­тар­ски, кој во тоа вре­ме бил игу­мен на Ме­те­о­ри и са­кал да го за­др­жи отец Га­врил ка­ко игу­мен на еден од ма­на­сти­ри­те. По­доц­на го ба­ра­ле и да би­де игу­мен на ски­тот на све­ти Ха­ри­тон Ис­по­вед­ник во Еру­са­лим.

Не­го­ва­та ка­но­ни­за­ци­ја за све­ти­тел е во тек.

 

Тој и за вре­ме на зем­ни­от жи­вот и по жи­во­тот чи­не­ше чу­да – ве­лат лес­нов­ци.
– Не се ра­бо­ти са­мо за при­каз­ни, ту­ку за на­ста­ни што се слу­чи­ле пред на­ши очи, во на­ше вре­ме. Сѐ уште се рас­ка­жу­ва за чу­до­твор­но­ста на не­го­ва­та мо­ли­тва и за слу­ча­јот ко­га на ед­но не­го­во ду­хов­но че­до вну­кот му бил те­шко бо­лен пред опе­ра­ци­ја од ко­ја до­кто­ри­те не га­ран­ти­ра­ле де­ка ќе оста­не жив. Во мо­мен­ти­те на бес­по­мош­ност и та­га, че­до­то за­бо­ра­ви­ло на сво­јот ду­хо­вен отец, но еден ден пред опе­ра­ци­ја­та му се ја­ви­ла про­свет­лу­вач­ка мис­ла да оди кај де­до Га­врил. Пред пор­ти­те го до­че­кал оте­цот Га­врил со збо­ро­ви­те: оди си до­ма, внук ти е здрав. И, на­ви­сти­на. Ко­га си за­ми­на­ла до­ма, же­на­та, ка­ко и до­кто­ри­те, не мо­же­ла да им ве­ру­ва­ат на сво­и­те очи­те и на чу­до­твор­но­то из­ле­ку­ва­ње на де­те­то по мо­ли­тви­те на епи­ско­пот – ве­лат ло­кал­ни­те жи­те­ли.

Оваа и уште мно­гу слич­ни при­каз­ни, ка­ко таа за из­ве­сен Ѓор­ѓи, кој по мо­ли­тви­те на оте­цот Га­врил за прв­пат проз­бо­ру­вал на че­ти­ри­го­диш­на во­зраст, се са­мо дел од бо­га­та­та риз­ни­ца откри­е­ни и не­о­ткри­е­ни ми­сте­рии во Лес­но­во. Жи­ви све­до­ци твр­дат де­ка Га­врил, кој бил прог­ла­сен за епи­скоп са­мо шест ме­се­ци пред кра­јот на не­го­ви­от зе­мен жи­вот, ка­ко што ве­лел, ја пред­ви­дел и сво­ја­та смрт.

lesnovski-manastir-4– Ја пред­ви­де сопс­тве­на­та смрт и си отс­лу­жи че­ти­ри­е­сет за­у­по­ко­е­ни ли­тур­гии. Ви­сти­на бе­ше та­ка. Та­ка и се упо­кои. Мир­но, на мо­ли­тва, со сво­е­то Еван­ге­лие на гра­ди и со бро­ја­ни­ца в ра­ка. Сам си го под­го­тви по­гре­бот, а на ед­но лив­че оста­ви бе­ле­шка на ко­ја пи­шу­ва­ше: ја­де­ње­то под­го­тве­те го без мас­ло. На сво­и­те ду­хов­ни че­да им по­ра­ча: че­да мои, до се­га бев со вас и се­га ве­ќе одам во гор­ни­от Еру­са­лим. И пак ќе би­дам со вас. И ќе ве че­кам во не­бес­ни­от Еру­са­лим – воз­бу­де­но рас­ка­жу­ва­ат лес­нов­ци за чу­до­тво­ре­цот.

Оте­цот Га­врил се ус­по­ко­ил на 12 ја­ну­а­ри 1990 го­ди­на и, спо­ред ка­жу­ва­ња­та на ло­кал­ни­те жи­те­ли, на­ви­сти­на, не ги оста­вил сво­и­те ду­хов­ни че­да са­ми. По за­ми­ну­ва­ње­то во, ка­ко што са­ми­от ве­лел, не­бес­ни­от Еру­са­лим, на мно­гу­ми­на им се ја­вил на сон. Ед­но од не­го­ви­те ду­хов­ни че­да, на кое поч­нал да му сла­бее ви­дот, го по­се­тил на сон и го ис­пра­тил во цр­квич­ка­та „Воз­не­се­ние Хри­сто­во“ во Штип ка­де што бил из­ле­ку­ван. На ед­на од не­го­ви­те след­бе­нич­ки, пак, на ко­ја ѝ дал сво­ја фо­то­гра­фи­ја за вре­ме на зем­ни­от жи­вот, ѝ се слу­чи­ло чу­до и од сли­ка­та на епи­ско­пот поч­на­ло да те­че све­то ми­ро.

До ден де­не­шен има мно­гу зна­ци на чу­да на не­го­ви­от гроб од ка­де што, спо­ред се­ла­ни­те, се чув­ству­ва бла­го­при­јат­на ми­риз­ба низ воз­ду­хот и од ка­де што на­ве­чер се гле­да свет­ли­на во вид на ог­нен столб.
Чу­дес­на свет­ли­на. И чу­дес­на по­ра­ка од оте­цот де­ка не сме са­ми – со тре­пе­ре­ње во гла­сот лес­нов­ци ја за­вр­шу­ва­ат при­каз­на­та за Га­врил Лес­нов­ски и за Га­врил Ве­лич­ки.

lesnovski-manastir-5

Од жи­ти­е­то за Га­врил Лес­нов­ски – све­те­цот од Осеч­ко По­ле

Све­ти Га­врил Лес­нов­ски по­тек­ну­вал од Осеч­ко По­ле кај Кри­ва Па­лан­ка и жи­ве­ел кон кра­јот на еди­на­е­сет­ти­от и по­че­то­кот на два­на­е­сет­ти­от век. По­тек­ну­вал од бо­га­то се­мејс­тво, кое се здо­би­ло со по­род по мно­гу мо­ли­тви кон Бо­га. Се шко­лу­вал на по­ве­ќе ја­зи­ци и бил ма­кси­мал­но по­све­тен на Еван­ге­ли­е­то и на Бог. Ко­га по­рас­нал ро­ди­те­ли­те са­ка­ле да го оже­нат за де­вој­ка од цар­ски род, но тој по­ве­ќе са­кал да ѝ се по­све­ти на ве­ра­та. Се слу­чи­ло ток­му на свад­ба­та да по­чи­не не­ве­ста­та, а Га­врил, отка­ко на сон му се ја­вил ан­ге­лот Гос­по­дов и му ре­кол да оди во Осеч­ко По­ле да из­гра­ди цр­ква по­све­те­на на Бо­го­ро­ди­ца, со сог­лас­ност од ро­ди­те­ли­те за­ми­нал од до­ма и му се по­све­тил на цр­ков­ни­от жи­вот.
Се ве­ру­ва де­ка жи­ве­ел ка­ко пу­сти­но­жи­тел и де­ка го из­гра­дил Лес­нов­ски­от ма­на­стир на ме­сто на кое го за­но­ќи­ло при ед­но од па­ту­ва­ња­та.

По служ­ба­та во ма­на­стир­ски­от комп­лекс „Све­ти ар­хан­гел Ми­ха­ил“, Га­врил за­ми­нал во да­леч­на и те­шко до­стап­на пла­ни­на, во ме­сто­то на­ре­че­но Об­лов Врв, ка­де што по­ми­нал три­е­сет го­ди­ни од жи­во­тот и по­чи­нал. Ни­кој не го зна­ел не­го­во­то ме­сто на по­чи­ва­ње за­тоа што си­те мис­ле­ле де­ка ко­га за­ми­нал од Лес­но­во се пре­се­лил на дру­го ме­сто.

Спо­ред жи­ти­е­то, ду­ри по из­вес­но вре­ме све­те­цот му ја­вил на сон на не­кој Ру­син по име Јо­сиф од гра­дот Сре­дец и му за­по­ве­дал да пој­де на ме­сто­то на­ре­че­но Об­лов Врв, да ги зе­ме мо­шти­те и да ги пре­не­се во Лес­нов­ски­от ма­на­стир, то­гаш ва­жен кни­же­вен цен­тар на Лес­нов­ска­та пре­пи­шу­вач­ка шко­ла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top