| четврток, 6 декември 2018 |

Јотовски ита кон трофеј на Златибор

Томислав Јотовски продолжи да реди успеси на турнирот на ИТФ, кој се одржува на Златибор и ќе игра во полуфиналето по победата против Хрватот Дино Марчан. Македонскиот репрезентативец славеше со 7-6,4-6,7-6.

Противник на Јотовски за пласман во мечот за титула ќе му биде српскиот тенисер Крстин Пеџа. Нашиот претставник на турнирот со пласманот во полуфиналето заработи нови поени и значително ќе го подобри пласманот на светската ранг-листа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top