Денеска во Монако беа извлечени групите за Лига на Европа. За македонската фудбалска јавност најинтересна ќе биде групата Д, каде што силите ќе ги одмерат Марибор и Цулте Варегем, каде што играат нашите репрезентативци Агим Ибраими и Александар Трајковски. Двајцата играчи ќе се обидат да освојат едно од првите две места за да се пласираат во нокаут-фазата. Тие ќе имаат тешка задача бидејќи во групата Д се уште и екипите на Рубин Казан и на Виган.
Третиот македонски репрезентативец што ќе биде учесник во ова натпреварување, Мухамед Демири со својот клуб Сент Гален, ќе учествува во групата А против екипите на Валенсија, Кубан и Свонси.
ГРУПА А: Валенсија, Свонси, Кубан, Сент Гален
ГРУПА Б: ПСВ Ајндховен, Динамо З., Черноморец, Лудогорец
ГРУПА Ц: Стандард, Салцбург, Елфсборг, Есбјерг
ГРУПА Д: Рубин Казан, Виган, Марибор, Цулте Варегем
ГРУПА Е: Фјорентина, Дњипро, Пакош Фереира, Пандури
ГРУПА Ф: Бордо, АПОЕЛ, Ајнтрахт, Макаби Т.А.
ГРУПА Г: Динамо К., Генк, Рапид В., Тун
ГРУПА Х: Севилја, Фрајбург, Есторил, Слован Либерец
ГРУПА И: Лион, Бетис, Виторија, Риека.
ГРУПА Ј: Лацио, Трабзон, Легија, Аполон
ГРУПА К: Тотенхем, Анжи, Шериф, Тромсо
ГРУПА Л: АЗ Алкмар, ПАОК, Макаби Хаифа, Шахтјор Караганди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


