Официјално стартуваше потрагата по злато во централна Босна. Владата на Среднобосанскиот кантон на предлог на министерот за стопанство одлучи да се бара злато на две локации, Мачкара – Мрачај во општината Ускопоље и во Баковиќи во општината Фојница.
Концесијата за истражување и искористување во Ускопоље ја доби компанијата „Гланз инвестмент“ од Сараево, единствена појавена на јавниот конкурс.
Далеку поголем интерес имаше за истражување во местото Баковиќи во општината Фојница, каде што порано постоел рудник за злато затворен пред 77 години. На тендерот се јавија дури пет компании, а работата ја доби компанијата ББМ од Сараево. Подготвени се да инвестираат 10 милиони конвертибилни марки во истражување.
– Златото е веќе најдено, сосема е сигурно дека злато има, а во кои количини, тоа ќе покаже истражувањето кое, верувам, ќе биде завршено во текот на идната година – вели среднобосанскиот министер за стопанство, Сеџад Милановиќ.
Ако, навистина, има злато во Баковиќи во количина доволна за експлоатација, Владата ќе распише нов тендер за концесија, а но ќе внимава и на согласноста на жителите за да не се повтори сценариото од Готуша на реката Железница, каде што мештаните на Гојевиќи и Баковиќи речиси една година со своите тела не даваа изградба на мини централа за која никогаш не дадоа своја согласност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


