Бидејќи на Франсоа Оланд не му треба поддршка од парламентот, најави дека Франција објави дека ќе преземе мерки против режимот заради очигледниот хемискли напад, дури и без британска помош. За француски Ле монд најави дека воениот напад би можел да почне до среда, 4 септември, додавајќи дека „изненадната одлука на Лондон нема да влијае на ставот на владата во Парис“. Таму во среда ќе има вонредна седница за Сирија, но Оланд за разлика од Камерон, не чека поткрепа од пратениците.
Откако Британскиот парламент одби земјата да учествува во воената интервенција во Сирија, Вашингтон најави дека ќе делува „во свој најдобар интерес“.
Во меѓувреме истражувањата покажуваат дека во ниту една од западните земји што се залагаат за воена интервенција врз Сирија нема мнозинска поддршка од граѓаните за таква акција, покажува анкета што ја спроведоа „Хафингтон пост“ и „ЈуГов“.
Само една четвртина од анкетиранита Американци изјавиле оти се убедени оти е неопходна воена интервенција како одговор на минатонеделниот напад со хемиско оружје во Дамаск.
Поддршката од британските граѓани за воена интервенција е најмала, само 9 отсто, додека најголема поддршка на воената опција дале Германците и Французите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


