
Секојдневната десетчасовна, па и повеќечасовна работа те тера да ги запознаваш луѓето подобро и да видиш дека освен политиката, зад нивниот лик има и други теми на кои може да се направи нормален муабет. Имаше и интересни момент, моменти на збунетост со одредени предлози и постапувања, но сѐ беше во нормални рамки – вели пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, член на Комисијата која го потпиша извештајот за случувањата на 24 декември.Во новиот број на Неделникот на Република Димовски на прашањето: Бевте лично прозван за изјавата за тоалетна хартија во контекст на извештајот на комисијата. По прилично жестокиот напад против Вас, би постапиле ли поинаку во слична ситуација во иднина? одговара:
Изјавата беше за „палома хартија“ со која во март пред штабот на СДСМ се водеше орото за прослава дека оваа година ќе има парламентарни избори. Сакав да им покажам на колегите, но и на луѓето од СДСМ дека нивниот детски инает може да им е значаен само ним и дека не можат да ја наметнат својата волја или својата вистина на некој друг. Околу нападите нема да коментирам многу, но ќе нагласам дека секогаш кога тие се лични и ниски, во нивната длабочина и во нивниот автор се гледа немоќ, се гледа признание на својата политичка ограниченост и се гледан огромна инфериорност. СДСМ со ниските напади кон мене или кон премиерот Груевски, а поврзани со извештајот на комисијата, само покажа дека се чувствува како политички губитник. Омразата што сѐ почесто се гледа во очите и во говорите на некои наши колеги од СДСМ, само говори за нивната слабост.
Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот Република, што од денес е во продажба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар


