Јусеин Болт е непобедлив во спринтерските дисциплини, а доминацијата во светот на атлетиката ја потврди со победа на 100 метри на митингот во Цирих, синоќа. Спринтерот од Јамајка победи со резултат 9,90 во трка што беше исклучително брза со уште тројца атлетичари кои ја минаа целта со време под 10 секунди. Второто место му припадна на Никел Ашмид со 9,94, зад него беше Џастин Гетлин со 9,96, а Џими Вико заврши какмо четвртопласиран со резултат 9,98.
До крајот на Дијамантската лига има уште еден митинг во Брисел, а Болт е второполасиран во генералниот пласман зад Гетлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


