1. Demolition Man е снимен во 1993 година, но темата е во идно време во 2030 година, кога луѓето повеќе не водат љубов со физички контакт туку носат чудни кациги и сексуално се поврзани по пат на емоци. Филмската двојка беа Џон Спартан и Ленина Хекслеј, инаку познати како Силвестер Сталоне и Сандра Булок.
2. A History of Violence филмот е од 2005 година, а филмската двојка се Тим и Еди Стал. Нивниот секс се случи поради голем гнев и омраза, а се чини дека многу подобра за нив ќе беше терапија за двојки, отколку секс на скали.
3. Office Space филм од 1999 година, а во него водат љубов потпретседателот Бил Ламберг и Џоана. Чудно бидејќи ликот во филмот сонува како неговиот шеф води љубов со неговата девојка. Оваа болна фантазија е интересна само на тие кои од некоја причина се палат на своите шефови, инаку тоа едноставно е чудно.
4. Bride Of Chucky филм од 1998 година, а во него водат љубов играчките Чаки и Тифани. Не мора да објаснуваме зошто е чудно ова.
5. Hot Shots е пародија од 1991 година, а двојката која води љубов се Рамада и Топер. Чудно е бидејќи храната ја направија најсексипилен дел од сцената, јајца и шунка на нејзинот стомак, со маслинка во папокот. Импресивно и чудно, но не треба да се заборави дека се работи за пародија на филмот Девет и пол недели.
6. Team America: World Police е филм од 2004 година, а љубов водат Гери и Лиза. Тие се играчки, а перверзија е целата плејада на сексуални пози кои ги изведоа.
7. Shoot `Em Up е филм од 2007 година, а во него господин Смит води љубов со Дона додека ја брани во една пукотница. Со адреналинот и оружјето на Моника Белучи и Клив Овен, оваа сцена на секс е многу интересна бидејќи се работи за ситуација опасна по живот. Малку е смешно во таква ситуација луѓето да размислуваат за секс.
8. Howard The Duck е филм од 1986 година. Во низата бесмислени филмови од 80-тите се појави и овој филм, во кој дојде до секс меѓу жена и патка. Чудно бидејќи се работи за патка и жена.
9. Alien Resurrection од 1997 година прикажува секс меѓу Рипли 8 и чудно суштество. Додека се обидуваат да побегнат од невозможна ситуација, малку се занесуваат па Рипли поврзува две галаксии преку секс со чудно вонземско суштество.
10. A Fish Called Wanda филм од 1988 година, а двојката се Ото и Ванда. Странските јазици и акценти можат некого да возбудат, но кога во тек на секс зборувате имиња на италијански диктатори, тогаш тоа и не е баш секси, во најмала рака е смешно.
11. Serial Mom филм од 1994 година прикажува секс меѓу Еугение и Беверли Сатфин. Чудно е родителите да имаат сексуален живот, посебно кога се перверзни, а децата времето го поминуваат дома.
12. Female Trouble од 1974 година кога се сексаат Даун и Ерл. Чудно бидејќи многу се нечисти, а уште почудно е кога знаете дека ги глуми исто лице.
13. High Spirits од 1988 година уште еден од низата чудни филмови од 80-тите. Овој секс е чуден бидејќи Мери е дух, а Џек е турист. Тие се вљубуваат и водат љубов.
14. Barbarella, филм од 1968 година, а во него водат љубов Барбарела и Дилдано. Нивниот секс е футуристички во кој се држат за раце и земаат апчиња.
15. Requiem For A Dream многу вознемирувачки филм од 2000 година. Секс на Марион Силвер со проститутка. Целосно издрогирани девојки заработуваат за дрога со проституција, а една од сцените вклучува вибратор кој двете го користат во исто време. Покрај тоа преживуваат еден вид апстиненцијална криза.
16. The Return Of The Swamp Thing од 1989 година, а во него Ејби се секса со некое чудно суштество кое се лигави наоколу.
17. Clerks е филм од 1994 година, а во него водат љубов Кетлин и мртов маж. Девојката се збунува и води љубов со труп во бањата. Цело време мисли дека е со својот дечко.
18. Videodrome филм од 1983 година прикажува секс меѓу Макс Рене и Ники Бренд. Лежат голи, а тој во многу чудна атмосфера и го повредува увото.
19. Во филмот Showgirls од 1995 година Номи Малоне и Зак Кери се милуваат во базен, а инаку тој секс е познат како „делфински“. Едноставно ја фати, а таа се извиткуваше, не ни е јасно како не го повреди грбот.
20. Re-Animator филм од 1985 година е чуден филм во кој д-р Карл Хил спие со Меган Хелси. Малку е жив, малку е мртов, а малку исчезнува. Но во еден момент ја преплашува девојката и перверзно ја зима.
21. The Matrix Reloaded филм од 2003 година. Љубов водат Нео и Тринити. Друга димензија, чудните околности и емотивни средби се доволни нивниот однос да биде многу чуден.
22. Hollow Man од 2000 година во кој тој ја силува својата сосетка. Сфати дека може да биде невидлив па влезе во куќата на својата убава сосетка и ја силуваше. Чудно и нездраво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


